Радио Милева пејачка со „железна тупаница“

Елена Велевска најде начин како да го држи бракот под контрола? (ВИДЕО)

Елена Велевска најде начин како да го држи бракот под контрола? (ВИДЕО)

Елена Велевска која периодов беше во центарот на вниманието откако објави дека се разведува, па се предомисли, вели дека не зажалила што му дала втора шанса на сопругот Марјан, па деновиве во естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ отворено откри дека нивниот однос сега е многу подобрен, а тие се посреќни и позаљубени од било кога.

“Не се покајав што му дадов втора шанса на сопругот, работиме на бракот, децата се во нашиот фокус на вниманието и сметам дека успеавме да ги надминеме сите проблеми. Јас по природа сум голем хуманист, им помагам на сите, затоа и сакав да му помогнам на мојот брак и да го спасам и мислам дека ја донесов вистинската одлука” – изјави фолкерката во ТВмагазинот од зад сцената и додаде дека во животот е многу тешко истовремено да бидеш и успешна на сите животни полиња.

И нема ништо необично во тоа, напротив… Освен што,  по нејзината одлука на „бракот да му даде втора шанса“, многумина се запрашаа, како тоа Велевска има намера да го држи бракот под контрола?

Фолкерката не чекаше многу, па одговорот на љубопитните душегрижници им го испрати по пат на видео, во вид на скриена порака!

Новиот спот на Елена „Во срцето на Балканот“ е тука, а во него наместо на сцената, пејачката се качи во рингот и место да се фати за микрофонот, се фати за боксерските ракаваци…

А во видеото Елена покажа дека не само што умее добро да пее и изгледа, туку по се изгледа умее и добро да удира!

Скриена порака како одговор на загрижените за нејзиниот брак, а можеби скриена порека и до „посилната половина“ во истиот тој брак… Кој како ќе си ја протолкува!

„Во срецето на Балканот“ е Македонија, а во неа и Елена Велевска, позната по гласот, стасот, стилот, сексапилот… а од денес и по „железната тупаница“!

Проследете ги видеото и песната, која инаку има стихови со патриотска содржина, па самите заклучете, што се крие „Во срцето на Балканот“, а што во срцето на Велевска!

 

To top