Живот и Стил

Важно: Проверете дали вашето дете ги има овие апликации на мобилниот!

Важно: Проверете дали вашето дете ги има овие апликации на мобилниот!

Апликациите на мобилниот телефон служат за да ни го олеснат животот.

Но ако сте родител треба да обрнете внимание, бидејќи некои од нив колку наивно и да изгледаат, а истите можат да бидат опасни за детето.

Tinder

Оваа апликација се користи за запознавање. Корисниците си ги оценуваат профилите едни на други и ги гледаат локациите на другите корисници. Секој ден се отвораат 450 милиони нови профили. Проблемот е во тоа што, возрасните лесно можат да ги најдат малолетните и оваа апликација често се користи за злоставување преку Интернет.

Snapchat

Со помош на оваа апликација, корисниците еден на друг си испраќаат фотографии и снимки на сите кои се на листата на пријатели. Тој што ги испраќа податоците може да одреди колку долго ќе биде достапна на примателот, по што се самоуништува. Проблемот е во тоа што, апликацијата често се користи за сексуално допишување. Многумина се прелажуваат, бидејќи ја сметаат дека е најсигурен начин, но многу фотографии и снимки од овде завршуваат на порнографски сајтови.

Blendr

Оваа апликација служи за запознавање на нови луѓе и преку неа се испраќаат фотографии, пораки, снимки кои потоа други ги оценуваат. Сексуалните манијаци лесно можат да стапат во контакт со малолетните, а малолетните да ги запознаат возрасните.

Kik Messenger

Оваа апликација се користи за допишување и сега ја користат повеќе од 100 милиони луѓе. Тие можат да разменуваат снимки и фотографии. Децата оваа апликација ја користат за испраќање на селфи на кои се разголени, а не постои добрa контрола на содржината, па до децата лесно можат да стигнат и повозрасни.

Whisper

Оваа апликација е за исповед. Со помош на неа, корисниците споделуваат фотографии, приказни, мисли. Оваа апликација го открива и местото на корисникот, иако се пишува анонимно. Без разлика на анонимноста, децата ставаат фотографии од други деца, а корисниците можат да комуницираат едни со други, врз основа на оддалеченоста. А, никогаш не се знае кој е на другата страна.

Ask.fm

Ова е една од најпопуларните социјални мрежи меѓу децата. На неа се поставуваат прашања до другите корисници и се даваат одговори на прашањата кои другите ги поставиле. Проблем е во тоа што, на оваа апликација децата често се здружуваат против друго дете и го понижуваат. Оваа апликација е поврзана со девет случаи на самоубиство во Америка и Велика Британија.

To top