Живот и Стил

Видео рецепт: Штрудла од тиква совршена за есенските денови

Видео рецепт: Штрудла од тиква совршена за есенските денови

Едноставен рецепт за пита со тиква која се топи во уста.

СОСТОЈКИ:

500 гр. тенки кори за пита

1 кг, рендана тиква

4 јајца

200 гр. шеќер

2 дл. масло

1,5 дл. млеко

½ кеси прашок за пециво

1 ванилин шеќер

малку рендана кора од лимон

1 кесе цимет

4 лажици брашно

ПОДГОТОВКА:

Тиквата преполовете ја, извадете ги семките и излупете ја. Исечкајте ја на помали парчиња за полесно да ја изрендате. Измешајте ја со 100 гр шеќер и цимет па оставете да стои додека го приготвувате намазот.

Разматете ги јајцата со шеќер и ванила. Измешајте брашно, млеко, масло, прашок за печиво и изрендана кора од лимон.

Раширете една кора, премачкајте ја со три лажици намаз, ставете друга кора, повторно намаз па трета кора. На неа наредете рендана тиква, свиткајте лесно и наредете на намастена тепсија. Така правете до крај. За крај оставете 3 лажици намаз, во него можете да ставите малку сок кој ќе остане од ренданата тиква.

Премачкајте ја питата, избоцкајте ја со чепкалка па оставете да стои половина час. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25-30 минути. Печена оставете да се излади. Посипете ја со шеќер во прав.

To top