Американскиот актер, режисер, продуцент и добитникот на Оскар и Златен Глобус, Роберт де Ниро се разведува од сопругата Грејс Хајтауер по 21 година брак.
Де Ниро во последно време сам се појавувал на сите случувања, а парот веќе долго време живее разделно.
Извор близок на парот вели дека Роберт и Грејс официјално ќе објават дека се разведуваат во следниот период.
Ова не е првпат како парот се разделува, во 1999 година, по две години брак Роберт побарал развод.