Оваа недела планетата Венера ќе биде во знакот на Вага – сите воздушни знаци ќе бидат среќни на сентиментален план, додека мали љубовни проблемчиња ќе имаат родените во знакот на Овен, Рак и Јарец. Стрелците ќе бидат успешни на работа, а Близнаците ќе имаат проблеми на работното место. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 19-ти до 25 ноември.
Овен – Проблеми со Венера
Драги Овни, за жал и оваа недела ќе мора да се борите со Венера во опозиција – вашата љубовна приказна нема да се одвива како што сакате, а сомнежите ќе станат поголеми од страстите. Искористете го времето за да размислите што навистина сакате! За среќа, убави денови ќе имате на работното место – пријатни новости се пред вас, кои ќе ги чуете во понеделник или вторник. Викендот ќе биде малку нервозен, особено денот недела.
Бик – Каква енергија!
За Биковите ова е период на големо обновување на силата, а енергијата ќе станува се поголема! Често ќе се чувствувате подготвени веднаш да носите големи одлуки. Суперсреќни ќе бидат деновите среда и четврток, кога Месечината прекрасно ќе свети во вашиот знак. Најромантичен ден во неделата? Недела.
Близнаци – Проблеми на работа
Опозицијата на Меркур ќе ви создава пречки и проблеми на работно поле. Колегите ќе ви го завртат грбот, а некои и ќе наседнат на лаги и измами, кои ќе ви донесат негативни поени кај претпоставените. Но, не грижете се, вистината порано или подоцна ќе излезе на виделина, само треба малку да се стрпите. Викендот е во знак на страстите – Венера ќе застане на ваша страна, а Месечината ќе ви донесе романтични мигови.
Рак – Љубовни проблеми
Драги Ракчиња, за жал, Венера е многу неповолна во овој период за вас и ќе ви донесе тензии на љубовен план, без разлика на тоа колку ви е стабилна врската. Атмосферата со партнерот ќе биде напната и тешка, а некои врски, за жал, ќе бидат прекратени. За среќа, Марс е на ваша страна па нема да имате проблеми со недостаток на енергија, напротив, ќе имате сила смело да се соочите со проблемите. Понеделник и вторник се најстресни денови, додека недела е релаксирачки ден.
Лав – Среќна недела!
Драги Лавчиња, за вас овој период е неверојатно среќен! Венера и Меркур се поволни и ќе ви носат големи успеси на секое поле, на приватен и на деловен план. Љубовта ќе ви станува се поцврста, додека осамените Лавови, ќе имаат бројни прилики за нови интересни средби. Суперсреќни денови се петок и сабота, затоа искористете ги до максимум!
Девица – Каков стрес!
Оваа недела ќе се чувствувате уморни и под стрес, а тоа се должи на опозицијата на Марс. Токму оваа планета ќе ви создава лошо расположение, дури и без посебна причина, а ќе ви недостига енергија да ги исполните обврските. Ова особено ќе го почувствувате на работен план. И Меркур е неповолен, па дополнително ќе ви создава пречки, ќе се чувствувате како да сте сами на светот, како од сите да сте ја загубиле поддршката, особено во негативниот ден – петок. Помирен ќе биде викендот, особено недела, кога ќе уживате во романтични моменти.
Вага – Да живее Венера!
Драги Вагички, подготвени сте за недела полна со страсти? Венера во овој период ќе ви подари голема сензуалност, а за спротивниот пол ќе бидете вистински магнет. Паровите кои се заедно од неодмана, ќе имаат шанса да ја направат силна својата врска, додека паровите кои се од одамна, ќе уживаат во романтични денови. Одлични вести и за осамените Вагички. На работно поле пак, се ќе ви оди од рака, само обрнете внимание на малку нервозната среда која може да ви донесе непријатност.
Шкорпија – Успех на работа
Со Марс на ваша страна, никој не може да ве спречи! Ќе бидете вистинска олуја полна со енергија, лесно ќе ги исполнувате обврските. Неделава пред вас се отвора голем предизвик (и успех) на работно поле! Внимавајте само на деновите среда и четврток, кога Месечината е во опозиција, и кога енергијата може да ја искористите на негативен, наместо на позитивен начин. Крајот на неделата е супер, посветете се на партнерот или на релаксација.
Стрелец – Не престанувајте да верувате
Меркур во вашиот знак ќе ви помогне да ги реализирате соништата, дури и оние кои ви изгледаат неверојатни! Ги имате сите убави карти во рацете, само треба да ја искористите секоја шанса пред вас, и да бидете смели! За жал, Марс е неповолен па нема да имате доволно енергија за големи потфати, чувствувајќи се уморни. Крајот на неделата е прилично нервозен. За среќа, љубовта ќе ви цути и ќе го поткрева вашиот морал.
Јарец – Нервозна недела
За жал, пред драгите Јарци, стои една прилично нервозна недела – најстресни денови ќе бидат понеделник и вторник, но и недела. Внимавајте да не влегувате во кавги со партнерот, зашто некои од вас, многу ќе зажалат подоцна за тоа. Ако веќе требате да разговарате со партнерот, подобро е тоа да го направите во четврток, кога ја имате Месечината на ваша страна за поддршка. Марс ќе ви дава доволно сила и енергија да ги поминувате полесно проблемите.
Водолија – Многу задоволства!
Драги Водолии, овој месец (ноември) продолжува да ви подарува задоволства, и тоа на секое поле. Во љубовта ќе имате силни емоции, а со партнерот ќе уживате прекрасни моменти. Меркур пак, ќе ви подари нови можности на работен план, држете ги очите отворени за да не пропуштите некоја шанса! Најсреќни денови за деловни предизвици се понеделник и вторник.
Риби – Почнува сезоната на победи
Со Марс во конјукција, драгите Рипчиња можат да очекуваат огромна енергија и подготвеност за победи. Конечно ќе ви се врати доброто расположение и силни ќе се соочите со проблемите кои ви се испречуваат на патот, особено на работното место, каде неповолниот Меркур продолжува да ви создава блокади. Внимавајте само на прилично нервозниот ден – петок. Најсреќни денови се среда и четврток, кога се ќе ви оди од рака!
извор:макмода