Старлетата се најде на мета на критики бидејќи стуркот на нејзината ќерка на фотографијата е потенок од реалноста.
Ким Кардашијан е позната по тенкиот струк кој понекогаш знае да го уреди во „Фотошоп“.
Меѓутоа, сега на социјалните мрежи ја обвинија дека тоа го направила и со нејзината ќерка.
Профил на „Инстаграм“ кој ги открива фотошопираните фотографии на познатите овојпат ја нападна Ким дека на една фотографија го намалила стуркот и главата на нејзината ќерка.
За да ја потврдат својата теорија ја објавија и оригиналната фотографија, а корисниците на социјалните мрежи ја нападнаа познатата старлета.
„И го намали струкот, таа е дете“, Ти си потполно пореметена“, се некои од коментарите.
Но, извор близок на семејеството на Кардашијан вели дека не е точно дека фотографијата е фотоширана.
„Ким понекогаш објавува фотографии од фан страницата. Така направи и овојпат. Фановите ја фотошопираа фотографијата“ вели извор.