Ивана Селаков на свет го донесе своето прво дете, ќерка за која одбра сосема невообичаено име.
Таа со нетрпение очекуваше да стане мајка, а оваа желба и се исполни вчера кога на свет донесе девојче.
Веднаш по породувањето, гордата мајка преку социјалните мрежи ја покажа својата наследничка.
„Добар ден свету. Јас се викам Круна Мирковиќ. Имам 3450 грама и моите родители ме сакаат најмногу на свет“, напиша познатата пејачка.