Постојат луѓе што посегнуваат во фиоката со лекови и при најмалиот знак за болка. Да, лековите се неопходни кога имате хронични болки, но доколку постојано ги употребувате, за брзо време вашиот организам ќе се адаптира и тие ќе го загубат дејството (а тука секогаш се и несаканите нус-појави). Зошто да не се обидете со храна што ја ублажува болката?
Див лосос
Лососот е преполн со есенцијални масни киселини, особено со омега-3 масни киселини, кои помагаат во намалувањето на воспаленијата во организмот, а на кои се должат најголем дел од болките. Не сакате риба? Внесете омега-3 во вашата исхрана преку семе од лен или пак ореви.
Ѓумбир
Научните истражувања покажале дека состојките во ѓумбирот, во одредени ситуации можат да предизвикаат ефекти што му парираат на аспиринот или на лекарствата за намалување хронични болки. Додајте го овој коренест зеленчук во вашата исхрана или пак редовно внесувајте го во форма на додаток и ќе можете да ги олесните ефектите од полесните хронични воспаленија, кои предизвикуваат болка.
Ананас и папаја
Не само што овие овошја ќе ве потсетат на лето и забава во тропските краишта од светот, туку ќе ви помогнат да ја намалите хроничната болка. Ананасот и папајата содржат ензими што помагаат во разложувањето на протеините во организмот што предизвикуваат болка. Можете да ги јадете свежи или пак да си направите шејк од нив. Во блендер ставете: 1 шолја коцки смрзнат ананас, 1 шолја коцки лупена папаја без семки, 1 шолја коцки ммраз, ¾ шолја незасладен сок од ананас и ½ кафена лажица екстракт од ванила.
Вишни и сок од вишни
Без разлика дали сте соочени со хронична болка или пак сте минале низ особено напорен тренинг, вишните или сокот од вишни можат да ви помогнат. Вишните се одличен извор на антиоксиданси и хранливи фито-материи, особено антоцијанини, кои блокираат одредени ензими повразни со воспаленијата.