Во најновата емисија на „Блиц“ ги доведуваат познатите личности на полиграф каде што треба да одговорат на провокативни прашања од приватниот живот.
По Наташа Беквалац, сега на ред се најде и Аца Лукас кој одговараше на прашања од приватниот живот, а на некои даде погрешен одговор.
Имено, на прашањето дали ја изнверил неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ тој одговори негативно, а одговорот се покажа како неточен.
Меѓутоа, на крајот Лукас појасни дека ја изнверувал Соња кога играле „јамп“, па секогаш кога му фалеле поени тој си додавал, а тоа е некој начин на изневерување.
Тој истакна дека се смирил со Вуксановиќ, но дека само се пријатели.