Родендените се важен дел од нашиот живот, посебно на оние најблиските, најмилите, најсаканите, кои на тој ден се трудиме да ги направиме малку посреќни од вчера и да го паметат својот роденден.
За родителите, денот на раѓање на нивното дете е среќа и благослов, а славењето на истиот ги радува и ги потсетува на важната улога како родител.
Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристески пред некој ден го прослави својот 12-от роденден на својот син Маркијан.
По тој повод таа сподели емотивен статус на „Фесјбук“ со кој го честиташе роденденот на својот син.
„Маркијан, љубов моја. Да знаев дека ти ќе бидеш причина за да научам како и невозможното станува возможно и дека целите кои ги поставувам се градење на поубаво утре за многу деца, ќе си измислев дете како тебе. Моето се си ти, но и сите ближни луѓе околу тебе и Бог ни дал се за да се радуваме и да го менуваме овој свет кон подобро. Ти благодарам за љубовта и секојдневното твое. Мамичка те сака. Среќен 12ти роденден херој мој“, напиша Ребека на својот „Фејсбук“.
За потсетување, синот на Ребека боледува од ретка болест туберна склероза..
Минатата година во интервју за „Женски магазин“ таа прозбори за проблемот на синот.
„ Дека со Маркијан нешто не е во ред забележавме уште во седмиот месец од бременоста, но во прво време не бевме сигурни дека тој има туберна склероза. Видовме тумори на срцето, но не и промена на срцевата работа. И покрај високите сомнежи, ние одлучивме Маркијан да продолжи да живее и да ги прифатиме сите предизвици и искушенија доколку навистина следат. На тримесечна возраст прв пат ги забележавме симптомите – епилептични напади. Од тој момент почнаа сите детални испитувања и патувања, консултации низ многу болници. Денот ни започнуваше со прашањето дали и колку напади ќе има, дури имаше и периоди кога во еден ден забележувавме и по стотина“, раскажа пејачката која е основач на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, изјави тогаш Јанковска.
Пејачката има три сина Маркијан и близнаците Макариј и Доротеј.
foto; facebook