Откако стана веган, пејачката Јелена Карлеуша одлучи да се откаже од сите крзнени парчиња облека и аксесоари кои ги има во својот гардеробер.
За разлика од минатото кога природното крзно беше нејзина омилена текстура, денес нејзините принципи се поинакви. Сега таа јавно се заложува и останатите познати да го следат нејзиниот пример и да не купуваат и носат природно крзно.
Сепак, во последната комбинација која ја облече на себе, Јелена има крзно, но вечшачко, што и потенцираше.
Она што воодушевува е нејзината ексцентрична комбијација која не може да ја смили и носи секој, а нејзе одлично и прилега.
View this post on Instagram
In the center of a hurricane there is absolute peace and quiet ? #fauxfur #fakefur #hmoschino
Парчињата се од реномираната италијанска модна етикета Москино која и е омилена периодов.
фото:instagram