Иако за пластичната хирургија главно зборуваат жените, сепак има мажи кои посетуваат естетски хирурзи, а еден од нив е синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ.
Имено, синот на фолк дивата откри дека редовно посетува пластичен хирург.
„Редовно посетувам естетски хирург бидејќи е неопходно за проблемот со моето лице“ вели Стефан и објасни зошто оди на пластична хирургија.
„Одам на третман за отстранување на лузните и признавам дека имам мака за тоа“, вели Живојиновиќ.