Атрактивната пејачка Теа Таировиќ одлучи да ја сними својата прва балада во кариерата.
Станува збор за песната која носи наслов „И во добро и во зло“. На снимањето на спотот за оваа песна, Теа изгледа провокативно како и секогаш, но овој пат во црвена тоалета со екстра длабоко деколте.
Теа не би била она што е доколку не сними неколку интригантни сцени, кои публиката ќе има прилика да ги види на премиерата. До тогаш уживајте во кадрите за снимањето на спотот.
Инаку, Теа Таировиќ јавноста ја запозна преку атрактивното претставување во минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.