Живот и Стил

Најдобрата храна за убава кожа

Најдобрата храна за убава кожа

Имате работа со високо ниво на стрес? Имате акни и црвенило?

Можеби не можете да ја смените генетиката, но дефинитивно во вашата исхрана можете да додадете храна која ќе ја направи вашата кожа здрава, свежа и еластична.

Краставица

Краставицата е веројатно најдобриот зеленчук за вашата кожа, бидејќи е богата со вода и придонесува за младешка кожа. Таа содржи и витамини Б и Ц, железо, цинк, фолна киселина, магнезиум, калциум и калиум и има анти-воспалителни состојки.

Кељ

Овој зелен зеленчук е одличен извор на витамините А, Ц и Е од кои сите имаат состојки кои го спречуваат стареењето и поттикнуваат раст на нови клетки на кожата. Кељот е богат и со минерали, како магнезиум и калциум кои ја прават кожата здрава и блескава. Направете зелен сок од кељ или пак ставете маска од изгмечен  кељ на лицето.

Папаја

Одличната портокалова боја на ова овошје се должи на бета-каротенот, кој го разложува витаминот А во нашето тело, и придонесува за заштита на кожата. Ваквиот ензим на папајата е содржан во ексфолирачките маски за лице, но кога се конзумира свеж придонесува за блескава кожа и очи.

Семки од тиква

Овие семки се богати со витамин Б и биотин, кои се една од најважните состојки за зајакнување на кожата, коските и кожата. Семките од тиква се богати и со минерали, како што е цинкот чиј недостаток може да предизвика акни. Додадете ги во вашата супа или салата, па дури и во вашите колачиња.

Чиа семе

Ова семе е едно од најздравите семиња во исхраната и одличен извор на есенцијалните масни киселини кои ја прават кожата и косата блескава. Тоа содржи  и антиоксиданти кои се супер борец против штетата предизвикана од слободните радикали.

Зелка

Овој зеленчук не само што е одлична храна за убавината. Богата со природни влакна и сулфорафан, кој придонесува за спречување на стареењето, но и со витамин Ц кој е одличен за кожата.

Лимон

Лимонот е еден од најдобрите пријатели на кожата поради витаминот Ц кој ја обновува и освежува кожата. Додадете го во водата која ја пиете во текот на денот, чајот, рибата и салатите.

To top