Живот и Стил

Како полесно да се справите со стресот?

Како полесно да се справите со стресот?

Стресот можеби е главниот непријател на здравјето на модерниот човек. Од него можат да произлезат бројни нарушувања на здравствената состојба, како физичка, така и психичка. Токму затоа, треба да се обидете со некои од најдобрите техники за борба против стресот.

  1. Медитација

Повлечете се на тивко место, седнете, опуштете се, затворете ги очите, блокирајте ја околината и дишете длабоко. Фокусирањето на дишењето ќе Ви ги оттргне мислите од нештата што Ве деконцентрираат и ќе ги опушти и умот и телото.

Резултат со слика за meditation

  1. Прошетајте

Вежбањето во која било форма е докажан начин да се намали стресот и да се снижат стрес-хормоните. Прошетката може да Ви помогне да си ги средите мислите и да ги стабилизирате емоциите. Штом ќе се соочите со работен ден исполнет со стрес, одвојте барем половина час за прошетка и уживајте во глетката. Штом ќе се вратите ќе бидете многу посмирени.

Резултат со слика за walk alone

  1. Водете дневник за помалку стрес

Бележењето на чувствата во личен дневник може многу да помогне во намалување на стресот бидејќи најголем дел од него се напластува како последица на мисли кои нема како да излезат од Вас. Штом ќе ги извадите од себе, веќе ќе Ви стане полесно. Ако напишете во дневникот што навистина мислите за Вашиот шеф, ќе се чувствувате подеднакво добро како да сте му го кажале тоа в лице.

Резултат со слика за diary

  1. Пуштете си музика

Не попусто се вели дека музиката го скротила и ѕверот. Музиката е емоцијата, музиката Ви буди асоцијации, а може и на најдобар начин да го подигне расположението и да Ве натера да заборавите на маките. Пуштете музика што Ве опушта и заборавете на проблемите додека целосно им се препуштате на нотите.

Резултат со слика за listen music

  1. Направете список

Пред да започне денот запишете ги целите и задачите што стојат пред Вас. На тој начин мислите ќе Ви останат прибрани, а денот фокусиран. Штом ќе завршите некоја задача и ќе ја пречкртате, тоа значително ги намалува шансите денот да заврши во тотален хаос.

Резултат со слика за make list

 

To top