По една година откако ја издаде „Текила и лимон“, поп-пејачката Елена Ристеска пред својата публика ја промовира новата и моќна балада насловена „Снаге за крај“ испеана на српки јазик и спотот за истата.
Издавачката куќа е „Magic records“ додека како автор на музиката и текстот се потпишува Сергеј Четвковиќ, а гласот на Елена освојува на прво слушање.
Моќта на вокалот ретко кој остава рамнодушен, особено што оваа поп балада е отпеана со посебна емоција.
Продукцијата е на нејзиниот догогодишен соработник Дарко Димитров, а како танчари се појавуваат Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Ана Марија Темелковска и Мартин Атанасовски.
Во видео приказната освен Елена и танчарите во неколку сцени се појавува и нејзиниот стилист Даниел Николовски, како и водителот Ване Марковски.
Погледнете: