Радио Милева

Жирито му предвиде голем успех: Адам Лабунски се појави во „Ѕвездите на Гранд“, а Карлеуша „распали“ по неговиот татко (видео)

Жирито му предвиде голем успех: Адам Лабунски се појави во „Ѕвездите на Гранд“, а Карлеуша „распали“ по неговиот татко (видео)

Добро познатиот Адам Лабунски неколку сезони по ред се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Иако, жирито во ова шоу на „Пинк“ телевизија беше воодушевено од неговиот настап и пред се неговата појава, Адам не успеа да стигне до финале, ниту пак да направи некој успех.

Очигледно, овојпат одлучил да ја смени и продукцијата и телевизијата и музичкото шоу. Односно од „Пинкови ѕвезди“, премина во „Ѕвездите на Гранд“.

https://www.youtube.com/watch?v=IuhZnC96Dp0

Во последната емисија на ова музичко шоу каде што се натпреваруваат и многу македонски кандидати, се појави и Адам.

Тој се претстави со песните „Понос“ од Иван Куртиќ и „Сам сам“ од Џани, а по неговата интерпретација доби 4 гласа, а поддршка му дадоа Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Јелена Карелуша и Вики Миљковиќ.

фото: принтскрин/јутуб

Од бекстејџ Лабунски го бодреше неговиот татко Ибро Лабунски  кој истакна дека Адам може да биде голема ѕвезда, но дека не го слуша и не сака да работи на пеењето.

Во дискусијата се вмеша и Јелена Карлеуша која истакна дека во шоуто не треба да се гледа за таткото, туку за Адам.

фото: принтскрин/јутуб

„Ако татко ти беше паметен ќе беше голема ѕвезда. Не го слушај татко ти, биди свој и ќе успееш во оваа работа“, изјави Карлеуша.

Татко му на Адам истакна дека е голема ѕвезда во Македонија, а доколку живее во Србија ќе и покажа на Карлеуша како се пее.

Адам за ментор ја одбра Марија Шерифовиќ која истакна дека ќе му покаже колку не знае за пеење и колку може да биде подобар.

https://www.youtube.com/watch?v=-uXW8jlnbgs

To top