Постојат податоци кои велат дека во последните 25 години, Јапонките го држат светскиот рекорд за долговечност, а во просек живеат по 84 години. И не се здебелуваат.
Тајните за долгиот живот и витката линија ја открива јапонската писателка Наоми Моријама. Таа во книгата што го носи називот „Japanese Women Don’t Get Old or Fat“ споделува на што се базира нивната храна, која како вели, е лесно достапна и за другите, само не ја применуваме на истиот начин.
Риба, алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај се основата на нивната прехрана.
„Освен што се здрави, овие намирници имаат и анти-ејџ ефект, што придонесува Јапонките дури и во зрелите години да изгледаат младолико“, вели писателката.
А еве и 5 совети што можеме да почнеме да ги применуваме уште од утре.
1. Жените во Јапонија секогаш јадат оброци приготвени дома, кои најчесто се состојат од потпечена риба (или риба на скара), една чинија ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките консумираат дури 10 проценти од севкупната конзумација на риба во светски рамки, а сочинуваат само 2 процента од светската популација.
2. Храната лесно се вари или пече, а лебот го менуваат со ориз. Вообичаен јапонски доручек ги има следниве намирници: риба, ориз, тофу, алги, супа, млад лук, омлет и зелен чај, сè во мали порции. Оризот го јадат во секој оброк и тоа е најголемата разлика помеѓу начинот на исхрана и живот на Истокот и Западот. Пробајте го азискиот начин, килограмите и целулитот ќе се топат без гладување.
3. Слатките десерти без кои ние не би можеле, во јапонската кујна се вистинска реткост. Дури и кога се јадат, се работи за мали количества. Јапонките секако сакаат чоколадо и колачи, но едноставно свесни се за последиците и штетата што ја носат благите со себе, па едноставно успеваат да одолеат.
4.Јапонците децата од најмала возраст ги учат да јадат полека и да го ценат секој залак. Токму поради тоа, тие никогаш не ги полнат чиниите до врв, не сервираат големи порции, а секој вид храна се послужува одделно.
5. Вежбите се дел од дневните рутини на Јапонките. Генерално, Јапонците имаат изградено цела култура на возење велосипед, пешачење и одење.
Овие достапни работи и рутини не се нешто што не го знаеме, но сепак изгледа не сме доволно мотивирани да почнеме посериозно да ги применуваме.
извор: точка.мк