Пејачката Лепа Брена на 20 и 21 октомври во „Штарк арена“ ќе прослави 35 години кариера, а сега во интервју за „Ало“ прозбори за снаата Алкесандра Пријовиќ, за затегнувањето на лицето, но не откри многу детали за нејзиниот концерт.
На прашањето дали се подготвува за приновата на внучето и дали веќе купуваат подароци, Брена одговори:
„Се подготвуваме така што не можеме да дочекаме. Среќа, секој од нас има работа и времето ни поминува брзо. Се уште не се мешаме за тоа дали и кога ќе купуваме подароци бидејќи ја почитуваме желбата на Александар и Филип тие да одлучат за тоа“.
На прашањето дали навистина купиле стан како свадбен подарок на Александра и Филип, пејачката изјави:
„Се пишуваше и ќе се пишува бидејќи сме дел од јавниот живот, но детали за подароци и финансии ми се невкусни. Замислете секој да ви ѕирка во семејниот буџет, паричник или куќа? Не планирам да кажувам детали кои се детали од приватниот живот“.
Лепа Брена прозбори за затегнување на лицето и за негативните коментари на социјалните мрежи дека направила премногу корекции.
„Коментарите се оставени бидејќи немам време да ги бришам. Луѓето кои злобно коментираат не се ваши фанови туку луѓе кои ви завидуваат. Мојата работа е таква да што има луѓе кои ве сакаат и луѓе кои не ве сакаат и тоа е сосема во ред. Кога сме кај мојата професија јавните личности треба да се негуваат, да бидат пример како треба да изгледаат бидејќи ако сте задоволни сами од себе вие ќе блескате на сцена. Кој тоа не го разбира, јас не можам да му помогнам“, вели Брена.