Овните ги очекува успешна работна недела, Биковите не си признаваат дека се заљубени, Близнаците се неблагодарни, Девиците мораат да научат да се подобри кон колегите.
Прочитајте го хороскопот за оваа недела.
Овен
Уште една работна недела, но многу успешна за Овните. Ќе се радувате на подобрената положба на работа.
Партнерот ве поддржува и тука е за вас во важните моменти. Морате да ги покажете своите емоции.
Добро се чувствувате.
Бик
Колегите како да немаат разбирање за вашата моментална состојба. Потрудете се да ја поправите ситуацијата во која се наоѓаат.
Заљубени сте, ама се трудите тоа да не си го признаете ни себеси.
Занимавајте се со спорт.
Близнаци
Не очекувавте помош од колегите, но таа е добредојдена. Не знаете како да бидете благодарни, но треба да го научите тоа.
Ви се допаѓа една личност од работа. На вас останува да го направите првиот чекор.
Намалете ја нервозата.
Рак
Вашата финансиска ситуација се подобрува. Работите се добри, онака како што треба да бидат. Време е за нови планови.
Заљубени сте и среќни.
Добро се чувствувате.
Лав
Не очајувајте, ситуацијата не е толку лоша. Што и да се случува, запаметете дека не треба да претерувате со реакциите.
Во љубовта добро ви оди оваа недела.
Внимавајте на настинки.
Девица
Вие можете да бидете одличен соработник, но само ако го сакате тоа. Потрудете се да бидете подобри кон колегите.
Се одвојувате од саканата личност, размислете зошто е тоа така.
Избегнувајте зачинета храна.
Вага
Конечно доаѓа недела без проблеми на работа. Сите работи се одвиваат по планот, па така треба и да остане.
Романтични сте, но бидете внимателни. Можно е да западнете во тешка врска.
Немате здравствени проблеми.
Шкорпија
Успехот е загарантиран ако одиграте онака како што умеете. Искуството е огромно и затоа сте ценети.
Оваа недела ќе се трудите да им се допаднете на сите околу вас, но постои една личност која би дала се да биде со вас.
Можна е кивавица.
Стрелец
Веќе подолго време сте под стрес на работа, но финансиската состојба се подобрува за вас.
Не летајте со паметот. Послушајте го советот на пријателите.
Болки во грбот.
Јарец
Вие сте експерт за снаодливост. Работите не се одвиваат како што треба, а оваа недела се можни многу непредвидени проблеми. Вие ќе го совладате тоа и на крајот ќе излезете како победник.
Емоционалната храброст извира од вас бидејќи многу сакате да бидете со личноста за која што сметате дека ви припаѓа.
Здравјето е солидно.
Водолија
Вие сте личност која е повеќе водена од интелект отколку од емоции, па нема причина да отстапите од тоа оваа недела. Најдете го најпрактичниот пристап.
Оваа недела ќе ги шармирате сите околу вас.
Можни се главоболки.
Риби
Вашата професионална ситуација е стабилна. Но, можеби треба да размислите да конкурирате за подобро работно место.
Цела недела е среќна за љубов и флерт.
Дишните органи ви се слаба точка.