Првата асоцијација за Близнаците е дека тие се дволични, но во суштина тие имаат две, па дури и повеќе посебни личности во себе. Тоа е многу различно од дволичноста. Важат за комуникативни и самоуверени личности, но знаат да бидат и срамежливи и несигурни. Сакаат да бидат опкружени со луѓе, но уживаат и да бидат сами со своите мисли.
Има нешто уникатно во начинот на кој Близнаците искажуваат љубов – доволно интензивно за да може да се почувствува, но и доволно суптилно за да не ја загуши личноста. Во врските сакаат да бидат со некој кој ќе се грижи доволно за нив за да ги стимулира да учат нови нешта и да им помага да напредуваат.
Не поднесуваат лаги и луѓе без здрав разум. Комуникативни се, но не сакаат секогаш тие да го почнуваат разговорот. Ако не им се допаѓате како личност, едноставно ќе се однесуваат како да не постоите. Ако тие се прашуваат, всушност вие и не постоите.
Прочитајте ги 20-те најважни животни принципи по кои се водат Близнаците во нивниот живот.
1. Кога треба да се справувам со идиоти, ја користам мојата саркастична смисла за хумор како оружје.
2. Секако дека зборувам сам/а со себе. Понекогаш ми е потребно експертско мислење.
3. Мојот мозок е премногу напреден за луѓе со ограничени погледи.
4. Не можам да седам и да не правам ништо. Не сакам здодевни разговори и мразам да возам позади бавни возачи. Мразам и сајтови на коишто им треба вечност за да се отворат. Мразам да чекам за што било.
5. Преферирам да го живеам животот како што сакам без да ми судат за тоа.
6. Една од работите што најмногу ме иритира е кога сѐ што ќе кажам се сфаќа лично.
7. Јас сум многу чувствителна личност, иако другите не можат да го забележат тоа. Можеби затоа што плачам само пред луѓе на кои целосно им верувам.
8. Не можам да сфатам зошто луѓето често ги прават работите потешки одошто се. Поради ова сакам да бидам сам/а во најголем дел од времето.
9. Кога ќе ми се смачи од нешто, заминувам без кавги, без објаснувања, а понекогаш дури и без поздрав.
10. Ако некој сака да биде со мене, треба да биде подготвен да прави работи кои можеби досега ги сметал за чудни, претерани, па дури и непромислени.
11. Точно дека сакам да флертувам, но штом вистински се приврзам, станувам слеп/а за остатокот од светот.
12. Сакам да бидам сакан/а, но сакам и да го чујам тоа. Од друга страна, нема да кажам „те сакам“ освен ако не го мислам тоа.
13. Никогаш нема да те прашам два пати. Следниот пат ќе прашам некој друг.
14. Кога ќе се посветам на нешто, ништо не може да ми застане на патот. Еден ум наспроти моите два нема шанси со мене.
15. Мојот најголем внатрешен конфликт е тоа што имам многу самодоверба, но и многу несигурности. Сакам да бидам опкружен/а со луѓе, но не сакам да се откривам себеси во вистинско светло.
16. Знам да слушам, да разберам, да простам и да заборавам… Како и да ги прочитам сите ваши лаги.
17. Јас сум многу лојална и постојана личност. Тоа што некогаш делувам променлив/а е заради тоа што не многу луѓе можат да допрат до моето вистинско срце.
18. Често знам да лежам во кревет со саати и да смислувам креативни идеи. Мојот мозок оживува навечер.
19. Ако некој ме излаже, едноставно заминувам од него.
20. Колку и да е лоша ситуацијата, секогаш се обидувам да најдам некоја светла точка.
извор: Кафепауза