Живот и Стил

Црвени полнети пиперки

Црвени полнети пиперки

Немате идеја што да зготвите за ручек? Ние го имаме вистинското решение за Вас.

На денешната трпеза ви предложуваме Црвени полнети пиперки од кои ќе ги излижете прстите.

Резултат со слика за ајварски пиперки

Потребни состојки:

  • 500 gr. говедско мелено месо;
  • 10 ајварски црвени пиперки;
  • 2 компира;
  • 1 главица кромид;
  • 3 шаки ориз;
  • 1 лажичка сол;
  • 2 лажички вегета;
  • малку бибер;
  • една лажичка црвен пипер во прав;
  • зејтин;
  • 1 ипол литар врела вода.

Резултат со слика за ајварски пиперки

Подготовка:

  • Измијте ги пиперките и компирот. Од пиперките извадете ги дршките и ослободете се од семето на пиперката. Откако ќе завршите со пиперките, тогаш излупете ги компирите и исецкајте ги на крукчиња.
  • Исецкајте го кромидот на ситно и додадете масло, ставете на оган и испржете го. Пред да порумени кромидот додадете го меленото месо, додадете сол,вегета, бибер и црвен пипер. Пржете се додека месото не се испржи убаво, а потоа додадете го оризот, пржете уште една минута и тргнете ја смесата од оган.
  • Наполнете ги црвените пиперки со смесата и затворете ги со кругче компир.
  • Полијте ги пиперките со врела вода, додадете во водата една лажичка вегета. Преотанатиот компир исечете го на ситно и додадете го во водата.
  • Ставете алуминиумска фолија врз садот во кој се полнетите пиперки и ставете ги во претходно загреана рерна на 200 степени.
  • Гответе 1 ипол час.

Резултат со слика за Полнети црвени пиперки

 

Пријатен апетит!!!

 

 

 

To top