„Продавам баба, 68 години, има пензија 15.000. Цена по договор“ – напишал тој.

Ова предизвика лавина гневни реакции во јавноста и кај луѓето што го виделе огласот. Некои дури и го пријавиле во полиција и во коментарите пишуваат дека од полицијата им рекле дека веќе стигнале преку 40 пријави за истиот случај. Други, пак, му посакаа еден ден и тој да биде продаден на истиот начин.

Единствено останаа нејасни две работи: Причината заради која „довитливиот продавач“ решил на овој начин да се пошегува со бабата и дали бабата му е баба – мајка на татко му или мајка му , или баба – мајка на жена му?