Радио Милева

Ретка фотографија од Лепа Брена и Јелена Карлеуша (фото)

Ретка фотографија од Лепа Брена и Јелена Карлеуша (фото)

Лепа Брена и Јелена Карлеуша денес важат за едни од најпопуларните пејачки во регионот, секако секој на свој терен.

Лепа Брена со години ги полни сите сали и стадиони каде и да се појави, а нешто помладата нејзина колешка Карлеуша исто така прави вистински спекаткл на настапите.

Иако, неколку пати во медиумите се пишуваа наслови дека имаат негативни мислења една за друга, сепак заедничката фотографија не го потврдува тоа.

Јелена денес е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“  и дел од Гранд продукција, каде што Брена е газдарица.

Можеби не се среќаваат често во продукцијата за да направат некое селфи, меѓутоа постои една фотографија од пејачките од минатото.

Брена за една емисија во рубриката „Мој албум“ коментираше свои фотографии, а една од нив беше на која е Лепа Брена  и Јелена Карлеуша како девојче.

„Мала слатка Јелена Карлеуша и јас“, изјави Брена.

фото: Принтскрин/јутуб
To top