Живот и Стил

Како да им помогнете на собните растенија да ја преживеат зимата?

Како да им помогнете на собните растенија да ја преживеат зимата?

Ладното време може да им наштети на собните растенија, па затоа е потребно при промена на температурите да им посветите повеќе нега.

Најпрво, внесете ги дома сите билки кои не „трпат“ студ. Така ќе бидат на пооптимална температура, а вие ќе можете да ги следите евентуалните промени кај некое од растенијата. Исчистете ги од сите овенати и суви гранки и лисја.

Наместете ги така што оние на кои им треба повеќе светлина ќе бидат блиску до прозорците, додека другите треба да бидат сместени во помалку осветлените агли од домот.

Жешкото време веќе помина, па веќе не треба да ги полевате пречесто, за да не скапе коренот. Во зависност од тоа кои видови ги имате, намалете го бројот на полевања соодветно на она што самото растение има потреба. Притоа, внимавајте да не ги полевате со штотуку наполнета вода од чешма, туку со малку отстојана на собна температура.

За крај, треба да внимавате листовите, цветовите и гранките на вашите растенија што помалку да се допираат, за да имаат простор да „дишат“.

To top