Промотер

Јован Куцин вака го доживува својот Охрид во – „Граду“ (ВИДЕО)

Јован Куцин вака го доживува својот Охрид во – „Граду“ (ВИДЕО)

Охриѓанецот Јован Куциновски или Јован Куцин деновиве го промовираше видеото за својот нов сингл насловен „Граду“, кој го објави кон средината на летото.

Посветена на неговиот роден Охрид, песната е комплетно авторско дело на самиот Јован, кој освен за музиката и стиховите, се погрижи и за режијата и монтажата.

Во создавањето на „Граду“, чие снимање се одвиваше во „Кречо саунд студио“, учествуваа и Анатоли Арнаудоски на електрична гитара, Јане Тодороски на бас-гитара и Никола Јосифоски на клавијатури, како и Зоран Кречо, кој се погрижи за перкусиите и продукцијата. Визуализацијата пак е во реализација на продукцијата „Моушн имоушн“ (Motion Emotion), а директор на фотографија е Александар Карпузовски.

Како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение:

Извор: РадиоМК

To top