Доколку помалку спиете или почесто сте лошо расположени постои голема веројатност токму поради тоа да не им се допаѓате на луѓето од спротивниот пол. Таквите и слични работи, на кои понекогаш не обрнуваме доволно внимание, имаат негативно влијание врз нашата привлечност.
Што вели науката за тоа, зошто на некои луѓе сме им помалку привлечни?
1. Недоволно наспани
Научници од Шведска и Холандија открија дека луѓето кои спијат минимално по 8 часа навечер делуваат попривлечно. Не е познат фактот зошто бледото лице, црвените очи и темните подочници влијаат одбивно кон луѓето.
2. Цигари и алкохол
Научници од Белгија открија дека мажите и жените кои редовно пијат и пушат се помалку привлечни за долги врски.
3. Мирис
Не станува збор за телесен мирис туку повеќе се работи за несвесен мирис, некои истражувања покажале дека потенцијалните партнери кои мирисаат премногу слично или премногу различно се сметаат едни со други за непривлечни. Ова откритие се смета за еволуциски феномен.
4. Недуховитост
Според резултатите на истражување спроведено од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, луѓето кои немаат или имаат чудна смисла за хумор се помалку привлечни.
5. Нерапсоложени
Во едно кинеско истражување испитаниците набљудувале лица на луѓе од фотографии и ги ставале во различни категории. Од четири категории само две биле привлечни (пристојни и мили).
6. Стрес
Стресот има влијание на надворешниот изглед на луѓето. Жените со високо ниво на кортизол се оценети како помалку привлечни, а испитаниците не ни знаеле колкаво е нивото на кортизол кај жените.