Калориите, со вежбање, се основа на секоја програма за губење на тежината, а калориите ги прилагодуваме според целта што сме си ја поставиле и начинот на кој ги трошиме – ако вежбате или вршите некоја физичка активност, на телото му е потребна малку поголема количина на калории.
Грешката се случува кога луѓето во напорите за губење на тежината од храната ја исфрлаат нездравата храна, што е се разбира добра одлука кога сакате да изгубите на тежината или само да бидете добри кон вашето тело, но потоа претерувате со воведувањето на здрава храна која исто така има и калории.
View this post on Instagram
Фитнес блогерката Lucy Mountain на нејзиниот профил на Instagram, сликовито објаснува како храната која е здрава, на пример, бадемите, имаат исто калории како и храната што се смета за нездрава, на пример, бонбоните.
View this post on Instagram
Јасно е дека хранливата вредност на бадемите е подобра отколку внесувањето на шеќерот од бонбоните, но во процесот на губење на тежината, не е битен само изборот на храната, туку, се разбира и количината што се консумира во текот на денот.
View this post on Instagram
На нејзиниот профил @thefffeed наInstagram, на некои од фотографиите можете да најдете дека количината на храна на плочите е иста, но разликата во бројот на калории е драстична.
View this post on Instagram
Иста количина и очигледно ист број калории, но месото со помалку маснотии и различно масло за готвење ја сочинуваат разликата од 185 калории.
извор:дивианартс