Една година по разводот, Аца Лукас се смири со неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.
Фолкерот и Соња се во добри пријателски односи поради нивната ќерка.
„Соња и јас ги закопавме „воените секири“ пред се поради детото. Ако бевме во некоја кавга, ја надминавме. Супер функционираме, дури одиме и на ручек. Се смиривме, но не сме маж и жена, ниту момче и девојка„ изјави Лукас за „Ексклузив Прва ТВ“.
Пејачот истакна дека има желба да добие и друго дете:
„Никогаш не е доцна. Сите деца ги добив во време кога многу сакав, но никогаш не се знае“, вели пејачот.