Живот и Стил

Колку е штетна брзата храна?

Колку е штетна брзата храна?

Консумирањето на брза храна всушност го зголемува ризикот од појава на депресија, покажуваат резултатите од најново истражување спроведено во неколку различни држави, а научниците ги повикуваат докторите во секое лекување од оваа болест да вклучат совети за исхраната.

Наспроти оваа штета која ни ја предизвикува брзата храна, оние кои се хранат според принципите на медитеранската храна се соочуваат со многу помали шанси за развој на депресија, бидејќи рибата, овошјето и зеленчукот помагаат во превенција од најчестиот проблем, кога е менталното здравје во прашање во Велика Британија – депресијата, но и генерално во светот, пишува „Guardian“.

 

Резултатите од истражувањето, објавени во магазинот „Молекуларна психијатрија“, се донесени после анализа на исхраната на луѓе од Велика Британија, Шпанија, Австралија, Франција и САД.

Во истражувањето е утврдено дека храната богата со шеќери или масти, резултира со воспаленија не само на стомакот или цревата, туку и на целото тело, што е познато уште и како системско воспалување.

Во таа смисла, последиците од лошата исхрана се еднакво лоши како и при пушењето, дебелеењето или недостатокот на физичката активност.

„Хроничното воспаление може да влијае на менталното здравје со префрлување на проинфламаторни молекули во мозокот, тоа исто така може да влијае и на невротрансмитерите, одговорни за регулација на расположението“, изјави докторката Камила Ласал која го водеше истражувањето.

Се верува дека секоја шеста возрасна личност во Британија страда од депресија.

Центарот за ментално здравје  проценува дека вкупните трошоци од оваа болест за општеството, вклучувајќи го и губењето на продуктивност, изнесуваат 105 милијарди фунти годишно во Велика Британија.

To top