Мегафон Важен ден

(ФОТО) Димитар Андоновски има повод за честење: Голема радост во семејството на пејачот!

(ФОТО) Димитар Андоновски има повод за честење: Голема радост во семејството на пејачот!

Поп-пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина, пред неколку месеци ја дочекаа најголема среќа во животот – раѓањето на нивното прво синче Михаил.

Оттогаш радоста во нивниот дом е на највисоко ниво, а причини има многу…првата насмевка на Михаил, првото гугање, гушкање, запче, погледите, а сега и првите чекорчиња.

Гордиот тато не преферира тоа да го крие од јавноста, туку напротив сака сите да дознаат за нивното полно срце со родителска љубов. Неодамна славеа за дипломата на Христина како дипломиран историчар, а деновиве се горди на првите чекори на Михаил кои ги направи со помош на мама.

Со малото чевличе во раче, Михаил седнат во скутот на тато позираше за овој важен ден.

И ние му посакуваме само лесни чекори во животот!

 

To top