Живот и Стил

Јогуртите содржат повеќе шеќер од газираните пијалаци

Јогуртите содржат повеќе шеќер од газираните пијалаци

По анализите направени на повеќе од 900 јогурти на британскиот пазар, стручњаците предупредуваат дека многу од нив се преполни со шеќер и дека јавноста не смееe да се залажува дека консумира здрави производи.

Тим истражувачи утврдиле дека таканаречените органски јогурти биле меѓу најзасладените и содржеле повеќе шеќери на 100 грама производи од газираните пијалаци. Само природните или грчките јогурти можеле да се класифицираат во пијалаци со помалку шеќер.

Според резултатите на истражувањето објавено во списанието БМЈ Опен, најмногу шеќер содржат таканаречените јогурт десерти – просечно 16,4 грама во 100 грама производи. Во таа категорија се вбројуваат и производите како чоколадниот мус.

Втори на листата на најслатки јогурти се органските, кои просечно имаат 13,1 грам шеќер во 100 грама производ. Детските јогурти просечно содржат 10,8 грама на 100 грама производи, што одговара на количина од две коцки шеќер, утврдило истражувањето.

Само за споредба, 100 грама газирана кола-кола содржи 9 грама шеќер.

To top