Радио Милева

Марија Шерифовиќ му се фрли во прегратки: Oгнен Здравкоски „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Марија Шерифовиќ му се фрли во прегратки: Oгнен Здравкоски „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Во саботата започна 13-тата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Новата сезона со себе носи и нови правила, а едно од нив е што кандидатите кои ќе поминат може да одберат кој член од жирито сака да му биде ментор или пак жирито бира кој кандидат сака да биде во неговиот тим.

Во првиот круг настапуваа и македонски претставници, а меѓу нив и Огнен Здравкоски од Скопје. Добро познатото лице на сцената на Гранд се претстави со песните „Срце није камен“ и „Остала си увек иста“.

По неговата изведба, тој ги доби сите гласови од жирито. А кога почна да се отвара капсулата каде што седеше жирито, тие веднаш го препознаа Огнен.

„Па, тоа е Огнен“, извика Марија.

Според новите правила, кога некој кандидат ќе ги освои сите гласови треба да избере кој од жирито сака да му биде ментор.

фото: Фејсбук

Огнен почна да ги елеминира еден по еден, а на крајот остана да се одлучи меѓу Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ.

„Ако ме одбереш мене, ти гарантирам дека нема да јадеш, дека многу ќе работиш, дека ќе изгледаш како светка ѕвезда, изјави Карлеуша.

„Јас не ветувам ништо“, изјави Шерифовиќ.

Огнен за свој ментор ја одбра Марија, по што Огнен тргна накај неа и пејачката му се фрли во прегратки на Огнен.

За потсетување, Огнен настапуваше и претходната сезона и стигна до петиот круг.

Освен Огнен, во првиот круг настапи и Гоце од Прилеп чиј ментор е новиот член на жирито, Ѓорѓе Давид и Сандра од Куманово која ќе биде во тимот на Ана Бекута.

фото: принтскрин

To top