Жените родени во хороскопскиот знак Стрелец се иницијативни, остроумни, снаодливи и досетливи личности, кои постојано се во потрага по нешто ново, кое ќе им го покачува адреналинот. Стекнувањето нови возбудливи искуства е клучот на жените Стрелци за остварување на нивните соништа.
Оваа девојка прво бара цел која сака да ја оствари, цели кон нејзина реализација и потоа веднаш трга во потрага по некоја нова цел. За нив не постојат премногу амбициозни планови кои не можат да постанат реалност. Таа, едноставно кажано, е многу енергична девојка која не може да седи во едно место.
Весели и забавни личности
Жените Стрелци се најчесто многу позитивни и ентузијастични личности, кои се пријателски настроени и секогаш со задоволство сакаат да запознаваат нови луѓе. Тие се најчесто „центарот на забавата“ како резултат на нивната непресушна енергичност и ведрина која создава чувство на задоволство на оние кои се во нејзина близина.
Тотално искрени
Ведрината и темпераментноста кои ги поседуваат овие дами, во голема мера помагаат за ублажување на нивното премногу искрено, често грубо, па дури и безобѕирно однесување кон луѓето околу нив. Жените Стрелци со задоволство ќе ви кажат доколку фустанот не ви стои, дека треба да дадете отказ или отворено ќе ви кажат ако вашиот пријател ви работи зад грб. Доколку сте премногу чувствителни или пак не сакате да ја знаете вистината, не прашувајте жена Стрелец за нејзиното мислење. Зачувајте си ги чувствата за себе и обратете се кај некој помалку директен знак.
Потреба за авантура
Кај жените родени во знакот Стрелец секогаш постои потребата за авантура и страст за патување. Без разлика дали се наоѓаат во некоја комплицирана ситуација или во премногу обврзувачка љубовна врска, тие не сакаат да се чувствуваат задушено.
Всушност, чувствувајќи се затворено тие можат да се здобијат со исцрпувачки ефекти врз нивната психа, а несакани последици можат да се појават и на нивното тело (разни заболувања, особено на нозете и бутовите). Доколку патувањето до подалечни дестинации не е возможно, женските Стрелци треба да се потрудат да останат физички активни, бидејќи тоа ќе им биде од огромна помош за ментална релаксација.
Жената Стрелец во љубовта
Бракот и сериозните врски се многу голем чекор за жените родени во овој знак, па така многумина од нив се обидуваат да чекаат што е можно подолго, пред да се „врзат во јазолот“. Ова е така, дури и доколку некоја од нив е длабоко заљубена во својот свршеник или момче. Тоа е добра работа бидејќи и овозможува добро да се запознае себеси. Запознавањето на сопствениот идентитет и определувањето на нејзините вредности, се два многу важни процеси за жените Стрелци.
Често, овие жени се атрактивни за луѓе од различно потекло и од различна етничка припадност. Тие на овие разлики не гледаат воопшто негативно, туку напротив сметаат дека кога постои вистинска љубов, ништо друго не е важно, па така и ја заработуваат титулата „светски граѓани“.
Дури и евентуалните партнери да се од исто потекло, тие ќе мораат да манифестираат висок степен на морал и да имаат личен интегритет. Овие две карактеристики жената Стрелец навистина ги цени. На нив им се привлечни партери кои имаат софистициран вкус и религиозна толеранција.
Преголема самодоверба во однос на науката
Најголемиот проблем на жените Стрелци, најверојатно е нивната неспособност да ја разграничат реалноста од фантазијата и да ја прифатат нивната моментална состојба, тежнеејќи кон исполнување на секојдневните обврски, со цел да изградат стабилна иднина. Стрелците се најголемите филозофи во зодијакот и нивниот основен интерес во животот е да учат нови работи и нивното знаење потоа да го пренесуваат на други. Затоа, Стрелецот во астрологијата е опишуван како вечен студент. Меѓутоа женските Стрелци имаат тенденција да веруваат дека се стручњаци во некоја област, која сè уште не ја познаваат доволно добро. Поради таа нивна карактеристика можат да настанат непријатни ситуации, во кои таа се обидува да му објасни на некој нешто „стручно“, за кое има недоволни познавања.
Недостаток на трпение
Жената родена во хороскопскиот знак Стрелец е голем визионер, кој умее да ги погледне работите од поширока перспектива, но таа има тенденција пребрзо да го губи трпението, па од таа причина може никогаш доволно да не се усоврши себеси во некоја област.
Среќни личности
Без разлика на се, Стрелецот е најсреќниот знак во зодијакот, а жената со овој хороскопски знак, не само што успешно ќе се снаоѓа во текот на животот, туку најверојатно и ќе биде многу успешна во она што го работи.
Со кого најмногу си одговара жената Стрелец?
Жените родени во овој знак најмногу си одговараат со огнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) и со воздушните знаци (водолија,близнаци и вага). Сепак ова не е строго правило, па така треба да се земат предвид и индивидуалните квалитети кај двата партнери, за да се определи дали романтичното соединување ќе биде успешно.