Некои личности уште од мали нозе ја водат најтешката битка – борбата за живот.
МекКинли, Клои, Ава и Лорен се храбри девојчиња кои успеаја да извојуваат победа над ракот и денес среќни и насмеани да го живеат своето безгрижно детство.
Четирите ангелчиња се запознале во детската болница „Johns Hopkins“ во Флорида каде сите се лекувале од различни форми на рак. На Клои ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, што е многу ретка дијагноза кај децата, додека на Ава на двегодишна возраст ѝ била откриена акутна лимфоцитна леукемија.
Неодоливите другарки денес имаат по 4 и 5 години. Нивната прва заедничка фотографија им била направена во 2016 година кога сите примале терапија и се обидувале да ја „згазат“ страшната болест. „Сите беа на активна терапија првиот пат кога го направивме ова. Неверојатно е да се види колку далеку стигнаа, од тоа што беа ќелави мали бебенца“ – изјавила една од мајките на девојчињата.
„Кога твоето дете ќе се разболи од рак, тешко е да си замислиш ‘нормален’ живот повторно. Многу специјален е моментот кога ја гледаме со нејзините слатки пријатели со кои се зближи додека сите беа многу болни“ – отворено признала мајката на Ава.
ВИДЕО
„Овие девојчиња имаат уникатна врска. Апсолутна радост е кога гледаме како растат и се прилагодуваат надвор од болницата, да бидат децата кои отсекогаш требаше да бидат. Ова никогаш не требаше да им се случи ним“ – изјавил докторот кој ги лекувал четирите девојчиња.