Една од најубавите водителки, Сања Кужет денес е во брак и има еден син.
Меѓутоа, многу малку луѓе знаат дека Сања зад себе има еден брак и тоа со член на обезбедување на Жељко Митровиќ. Сања и Зоран Пипер се запознаа кога таа работеше како презентерка на временска прогноза на „Пинк“.
По неколку месеци врска, Зоран и Сања го кажаа судбоносното „да“.
Тогаш, младенците организираа луксузна свадба на која се појавија многу познати личности, а Сања за своја кума ја одбра долгогодишната пријателка, пејачката Лепа Брена.
Набрзо по свадбата, Сања дозна дека е бремена. Но, по породувањето Кужет и нејзиниот сопруг се разведоа.
Водителката истакна дека со нејзиниот бивши сопруг е во добри односи, а нејзиниот син кога сака може да се гледа со таткото.
Сања успеа среќата да ја пронајде покрај друг маж со кого има син.