По тригодишната медиумска илегала, пејачката Славица Чуктераш со нова песна се врати на јавната сцена каде планира да остане.
Пејачката во емисијата „Премиера“ откри како гледа на бракот кога ќе дојде новиот член на семејството.
Славица истакнува дека не е една од оние што тврдат дека односот со сопругот се нарушува од моментот кога семејството ќе се прошири.
Смета дека таа и нејзиниот сопруг Владимир еден на друг се неизмерна поддршка и додава дека плановите ги остваруваат заедно.
View this post on Instagram
-Кога е детето тука многу е полесно. Тогаш немате време ни за кавга, ни за било што, бидејќи целата приказна е концентрирана на него и тоа како сме поминале на работа, истакнува пејачката.