Немојте да жалите за крајот на летото. Пред вас има уште многу месеци полни со можности и сеќавања кои чекаат да ги направите. Оваа есен дајте си ги следниве ветувања за да ја направите најдобрата сезона од годинава. Ова се едноставни нешта што можете да ги правите секој ден, а навистина ќе го подобрат вашиот живот.
1. Не грижете се за малите нешта
Навистина е лесно да почнете да се грижите за ситниците во животот. Можеби сте имале несогласување со најдобриот пријател и размислувате за тоа месеци подоцна. Или му дозволувате на стресот од утрото да ви го расипе целиот ден. Ветете си дека оваа есен нема да се грижите за малите нешта и ќе преземете контрола над вашиот живот. Обидете се да ја гледате големата слика. Запрашајте се дали нешто ќе биде важно за 5 или 10 години од денес. На крајот, најважни се среќата, љубовта и сеќавањата што ги создавате. Па, простете му на пријателот, релаксирајте се и фокусирајте се на создавање живот што е убав.
2. Не плашете се од промена
Есента е совршена за да си ветите дека ќе ја прифатите промената и целата убавина што доаѓа со неа. Убавото, но страшно нешто за животот е што ништо никогаш не останува исто. Вашето опкружување и желби ќе се менуваат со текот на времето, а истото важи и за вас. Свртете нов лист и гледајте како созревате во личноста која отсекогаш сте сакале да бидете. Почнете со мали чекори, направете веб-сајт или купете некоја нова гардероба. Со текот на времето ќе го направите големиот скок и ќе завршите онаму каде што треба да бидете. Сепак, најдобрите нешта во животот се случуваат кога ќе се соочите со стравот. Па немојте да се плашите од промената и нештата што сè уште не ги знаете.
3. Барајте нови предизвици
Сигурно сега работите само од плата до плата, а истовремено наоѓате изговори зошто одредени нешта не би излегле како што сакате. Наместо да се движите нагоре им дозволувате на пречките да ви стојат на патот. Па, ветете си дека ќе ги надминете овие пречки и ќе барате нови предизвици. Животот си има подеми и падови. Ќе имате стравови, сомнежи и лоши недели. Но на овој начин универзумот ве предизвикува и ве тера да бидете креативни и да најдете нов пат.
4. Бидете личноста којашто навистина сте
Сега е време да го покажете вашето вистинско лице. Навистина е лесно да заглавите со нешта што не ви се воопшто важни. Можеби ќе се согласите со активности кои навистина ги мразите, или пак ќе ја покажете вашата уметничка душа. Не е секогаш лесно да бидете личноста којашто навистина сте, но оваа есен покажете ги вашите вистински бои. Светот е многу поубав кога го покажувате вашето лице. Секој може да биде копија, но вие сте оригинал. Одберете се себеси и не се задоволувајте се со ништо помалку.
5. Најдете удобност во непознатото
Топлите пијалаци и удобните џемпери се одлични за есента. Удобноста е клучна и секогаш сакате да останете дома со омилениот филм. Но удобноста не мора да заврши овде, можете да ја најдете и во други делови од животот вклучувајќи ги и нештата што сè уште ви се непознати. Можеби често бегате од нештата што не се сигурни. Си ги поставувате истите прашања безброј пати, но ретко го барате одговорот. Што би се случило ако се преселите? Што ако напишете бестселер? Единствениот начин да дознаете е да го направите тоа.
6. Продолжете да се сакате
Сте си ветиле дека ќе правите нешта што ве прават среќни. Сте се поставиле на прво место и сте се оддалечиле од непотребната драма и токсичните врски. Есента е време кога треба да се фокусирате на љубовта кон себе, дури и ако во вашиот живот постои некој друг. Дајте си место да созревате и да учите нови работи за вас. Научете да верувате во себе. Кога ќе се чувствувате подобро ќе ги инспирирате и другите повеќе да се грижат за себе.
7. Вдишете свеж воздух
Само затоа што летото е при крај не значи дека есента треба да ја поминете дома. Има нешто во зеленилото и свежиот воздух што помага да се вратите на земјата. Вашите грижи исчезнуваат со ветрот и има многу простор за авантури во вашиот живот. Кога ќе бидете под стрес поради училиштето или работата, потсетете се да дишете длабоко и да истражувате. Понекогаш сè што ви е потребно е прошетка за да ја промените вашата перспектива.