Живот и Стил

Ретро инспирација: Фризурите кои ги носевме во 90-тите

Ретро инспирација: Фризурите кои ги носевме во 90-тите

Освен што ние ги прифативме, модните куќи и дизајнерите исто така со задоволство го прифатија враќањето на 90-тите во секоја смисла. Освен облеката и модните додатоци, се вратија и фризурите од тоа време.

Ако се прашувате што да ѝ правите на косата оваа есен, пред да дојдат капите на ред, ви нудиме неколку тренди примери, со кои сигурно нема да погрешите
Залижано ниско опавче или пунџа
Одличен избор за секоја прилика, од дневна до вечерна.

 

View this post on Instagram

 

Don’t be a lady, be a legend. ?

A post shared by ⚡️Tezza⚡️ (@tezzamb) on

Пуштена коса со шноли

Ако некогаш сте се пожалиле бидејќи сте ги скратиле шишките, тогаш веќе сте се сретнале со оваа фризура. Но, независно од шишките и должината на косата, оваа фризура стана голем тренд на улиците, но и на модните писти.

 

View this post on Instagram

 

Details? #ootd #rockytakesnyfw ? @matt_coop

A post shared by R O C K Y (@rocky_barnes) on

Цик-Цак венче

Непогрешлив избор за да ја “смирите” непослушната коса.

Големи штипки

Мајките и бабите веројатно никогаш не се откажале од нив, а сега е вистинско време и вие да им ги позајмите.

 

View this post on Instagram

 

Keep it together #WANGINC

A post shared by ALEXANDER WANG (@alexanderwangny) on

Памучна лента за коса

Некогаш омразениот додаток сега е голем хит, а понудата за него е побогата од било кога. Овој додаток за коса прошета и на модните писти во Њујорк, на модната недела.

 

View this post on Instagram

 

in the band

A post shared by Kaia (@kaiagerber) on

извор: точка.мк

To top