Живот и Стил

Рецепт на денот – полнети круши

Рецепт на денот – полнети круши

Вкусен десерт што ќе им се допадне на сите што уживаат во слаткиот вкус на овошје и мед

отребни состојки:
  • 2 зрели круши
  • 2 лажички мед
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка мускатно оревче
  • 120 милилитри јогурт
  • 1 пакување ванилин шеќер
  • 30 грама исечкани ореви
  • Суво овошје (по желба)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги крушите на половина и испразнете ја средината. Обложете тава со хартија за печење и ставете ги крушите на неа, па премачкајте ги со мед и просејте им цимет одозгора, па мускатно оревче. Можете да додадете и суво овошје по желба. Печете 30 минути и извадете ги од рерната.

Додека крушите се ладат, направете смеса од јогурт, ванилин шеќер и орев. Кога крушите ќе се оладат, наполнете ги со смесата и сервирајте.

To top