Овен
Родените во овој знак се многу фокусирани на себеси и за нив љубовта доаѓа малку подоцна. Но, ако личноста која ќе ја изберат, ги сака исто како што се сакаат самите себеси, тогаш тоа е навистина среќна приказна.
Бик
Биковите имаат тежок карактер, и затоа ним им одговара личност која е чувствителна и нежна. Некој кој може да ве научи на трпение и да не се изгубите себеси во моментите на бес. Заедно можеби ќе делувате како масло и оган, но тоа е одлична комбинација.
Близнаци
Како личност која никогаш не мирува и постојано сака да работи и постигнува нешто, потребна ви е личност која ќе ја поддржи секоја идеја која ја имате. Дури и тие да се единствените кои веруваат во вас, вам ви е токму тоа за да бидете среќни и да успеете.
Рак
Вие го следите своето срце за сите нешта. Но, често знаете да фатите погрешна насока, бидејќи не сте рационални, туку претерано чувствителни. Затоа, вие потребна личност која ќе внесе рационалност во вашиот живот и која ќе го почитува тоа дека имате огромно срце.
Лав
Родените во овој знак се многу сигурни во себе и постојано тежнеат кон целта. Ним им е потребна личност која постојано ќе ги поддржува во тоа што сакат да го постигнат, но и која постојано ќе ги мотивира и турка напред. Тие не сакаат слаба личност која само ќе го прави тоа, туку и некој кој е доволно силен за да се носи со нив.
Девица
Родените во овој знак се личности кои обрнуваат внимание на сите детали. Ним им е потребна личност која е грижлива и трпелива и која нема да има проблем со нивната постојана борба за совршеност.
Вага
Вие сте личност која секогаш сака да живее во среќа и хармонија и повеќе од се, ви е потребна личност која ќе ви го овозможи тоа. Вагите не сакаат филозофирање, не сакаат силни изјави на љубов, тие сакаат практична и едноставна личност која е приземјена и која знае да се забавува.
Шкорпија
Како личност која е длабока и емоционална и чува се во себе, Шкорпиите можат да бидат среќни со личност која ги сака целосно и без отстапки. Тоа треба да е личност која зборува и открива малку повеќе од нив, која е посоцијална и која им помага да бидат добри личности.
Стрелец
Како некој кој се вљубува многу брзо и постојано, Стрелците ќе бидат среќни со личност која е приземјена. Тоа треба да е личност која е реална, за разлика од нив кои се големи сонувачи.
Јарец
Тврдоглава, упорна и личност која многу се труди. Тоа се карактеристиките на личноста со која Јарците би можеле да бидат среќни. Тоа не најдоброто нешто што може да им се случи на родените во овој знак, кој често се преуморни од лошите врски.
Водолија
Водолиите се романтичари кои никако не сакаат да го признаат тоа. Најсреќни можат да бидат со некој кој ќе ги извади на површина романтичарите кои се скриени во нив. Таквата личност која ги инспирира и мотивира во животот може да ги направи најсреќни луѓе на светот, но и луѓе кои ќе постигнат многу со својата иновативност и креативност.
Риби
Како личности кои се тивки и пасивни, личноста која може да ги направи среќни е личност која е подоминатна. Тие ќе бидат пресреќни со личност која се грижи за нив и ќе ги сака безусловно.