Овен
Иако најверојатно ќе се разбудите полни со енергија и ентузијазам, вашето расположение ќе опадне кога ќе се сетитие што сè мора да направите во текот на денот. Можеби е вистинското време да размислите за некои важни промени во својот живот. Ако се чувствувате затворено, непријатно, побарајте некоја прилика која ќе ви пружи повеќе слобода.

Бик
Сексапилниот Марс по вторпат оваа година ќе ја посети вашата 10-та куќа на амбициозноста и долгорочното планирање, вртејќи го вашиот фокус кон лицата кои се сериозни во љубовта. Ќе го обожавате чувството на сигурност. Веќе сте во врска? Започнете да ковате планови за иднината со саканиот. Ништо нема да ве возбудува повеќе отколку кога тој ќе ви кажува дека ништо никогаш нема да ве раздели.

Близнаци
Учите позитивна лекција од минатото и се каете за некоја грешка. Во искушение сте да сторите нешто, но ако бидете храбри, резултатот ќе биде позитивен. Излегувате од школката на поле љубов и тоа ќе ви донесе огромна сатисфакција. Тврдоглаво ќе чекорите кон успех на работното место.

Рак
Денот може да ви биде полн со грижи и стрес. Имате многу работи и долги часови кои го поминувате на работа го земаат својот данок. Односот со луѓето од околината исто така може да биде малку напнат. Опуштете се малку со музика и паузи кои почесто ќе ги правите и работите полека ќе се вратат во нормала. Утре е нов ден.

Лав
Денес е ден кога ќе се чувствувате мошне немирно и фрустрирано поради текот по кој вашиот живот тргнал. Имате одговорности кои сте обврзани да ги испочитувате, но вас повеќе ве интересираат лични проекти отколку стандардни здодевни работи. Резултатот на сето тоа е раздразнетоста која ја чувствувате. Немојте да се истресувате на другите, запамтете дека сето тоа ќе помине.

Девица
Дозволете ѝ на интуицијата да ве води во вистинската насока. Заморот ќе ве стигне, па избегајте од дневната рутина и фокусирајте се на работите што ги сакате. Ќе се промени вашиот љубовен живот во поглед на вашата втора половина, деца, семејство. Голема добивка е пред вас. Нови професионални контакти ќе ви бидат од корист.

Вага
Прекрасно ќе се чувствувате во сопствената кожа во претстојниот период, па не се изненадувајте ако сите ве стрелаат со поглед каде и да се појавите. Сексапилниот Марс ќе премине во вашата 5-та куќа на страста и гламурот и ќе ви ја зголеми привлечноста. Ако сте во долга врска, постои голема веројатност да се израдувате на позитивен тест за бременост во периодот до 15 ноември.

Шкорпија
Креативноста ја црпите од контакот со многуте пријатели. Во одлична форма сте и подготвени за нова димензија на некои работи од секојдневието. Добро ќе обрнете внимание на партнерот и тоа ќе направи да сфатите колку тој всушност ве сака. Одредете ги приоритетите на работното место.

Стрелец
Имате добра идеја? Кажете ја! Амбициозниот Марс започнува патување во вашата 3-та куќа на интелектот и комуникацијата, па вашите замисли ќе бидат уникатни и брилијантни. Не се плашете од конкуренцијата. Не ја барајте љубовта далеку од дома во претстојниот период. Таа е многу поблиску отколку што си мислите.

Јарец
Нема да знаете од каде да почнете затоа што сте многу ранливи денес. Клучот е да се испразните емоционално и да ја намалите тензијата. Запомнете дека на љубовно поле не е сè црно – бело и дозволете им на работите да одат по природното темпо. На работното место никој не ви е закана и стравот ви е неоснован.

Водолија
Секси, секси, секси ќе бидете во претстојниот период, па очекувајте зголемување на бројот на обожаватели. Од денес, па до 15 ноември, сексапилниот Марс ќе го вжештува вашиот знак и ќе ви дава посебно чувство на привлечност. Ќе знаете дека вредите и ќе ги покажувате тоа. Ако сте во врска, ќе забележете дека партнерот зјапа во вас како на првата средба. Флертувајте со него!

Риби
Погледнете малку подалеку од носот и ќе сфатите дека се нервирате за банални работи. Мислете малку повеќе на своето здравје. Дискусиите на поле љубов ќе ви донесат подобри заеднички гледишта за иднината со партнерот. На работа ќе сфатите дека понекогаш нема место за компромиси.