Фолк пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бјељиќ, во изминатите неколку дена се дружеа со големата светска филмска ѕвезда Жан Клод ван Дам !
Имено, тој беше специјален гостин на пејачката и нејзиниот сопруг, со кого добро се дружеше, како што се гледа од фотографиите и снимките што ги објавува српски Телеграф.

Ван Дам, се познава со фолк ѕвездата и бизнисменот преку заеднички пријатели од модната индустрија и медиумите.

„Таа е огромна ѕвезда на Балканот, пејачка и актерка“ – им објасни актерот на своите обожаватели на социјалните мрежи, а потоа повторно се сврти и побара од Драгана да ги поздрави сите на Српски јазик.

„Еве ги најдобрите, Жан-Клод и компанија, ве сакаме, многу ве сакаме“ – рече фолк дивата, а актерот одговорил дека му е мило што дошол во посета со приватниот авион на Тони.