Тие се моќни знаци, директни, внимателни и амбициозни личности.
Тие се Шкорпии – личности кои ќе ве изненадат со своите добри карактеристики, но, за да ги освоите и вие ќе мора да дадете дел од себе.
Што е тоа што ги возбудува, како да го привлечете нивното внимание и да ги задржите крај себе?
Без лаги и лажно претставување
Верувајте, кога сте во врска со Шкорпија едноставно не смеете да си дозволите лага. Шкорпиите имаат посебна дарба лесно да ја откријат лагата, па можеби затоа толку многу им смета кога некој ги лаже. Бидете тоа што сте, не измислувајте приказни за себе само за да ги импресионирате. Шкорпиите многу ја ценат искреноста, па не е потребно да ги преувеличувате нештата сакајќи да се претставите во најдобро светло.
Кој е главен во врската
Можеби нема да ви се допадне ова тврдење, но добро е да знаете: Кога сте во врска со Шкорпија, таа е главна во врската. Токму затоа Шкорпијата не сака да изигрувате шеф во врската, но не грижете се. Тоа што таа е главна не значи дека вашите желби, мислењa и очекувања секогаш ќе бидат на второ место.
Покажете страст, но не ги гушете
Шкорпиите се страствени знаци, како и поголем дел од останатите знаци на зодијакот. Сакаат да им ја покажете вашата страст, но не сакаат уште на почетокот на врската да се чувствуваат како во синџири. Она што не смеете да си го дозволите кога сте на почеток на врска со Шкорпија е да се однесувате како врската да е и повеќе од сериозна. Дајте им малку време!
Поддржете ги
Иако се доста моќни знаци, Шкорпиите честопати чувствуваат дека не добиваат доволно поддршка, па во овој поглед може да речеме дека се ранливи. Секогаш кога е потребно дајте им до знаење дека ја имаат вашата поддршка, тоа многу ќе им значи.
Шкорпиите се чудесни, шармантни се, се грижат за другите… Заслужуваат многу љубов и внимание од ваша страна нели?