Сузана Турунџиева важи за една од најзгодните водителки, а дефинитивно годините за неа се само бројка.
Сузи неодамна имаше голем повод за славење, односно доби зет. Нејзината ќерка, Лора Турунџиева пред две недели стапи во брак и заплива во брачните води.
Водителката е пресреќна што нејзината ќерка ја пронашла среќата. Свадбаната церемонија се одржа во еден познат ресторан во интимна атмосфера.
Лора не ја криеше среќата, па на социјалните мрежи со своите пријатели сподели неколку фотографии од свадбата.
Меѓутоа, Сузана деновиве ја помешаа со невестата, па доби комплимент од непозната жена. Имено, Турунџиева на својот Фејсбук објасни дека некоја жена во лифт помислила дека таа е Лора, па и честитала за венчавката.