Радио Милева

По осум месеци откриена е причината за смртта на пејачката Долорес О’Риордан

По осум месеци откриена е причината за смртта на пејачката Долорес О’Риордан

Иако многумина веруваа дека познатата пејачка Долорес О’Риордан од групата  „Кренберис“ изврши самоубиство бидејќи долго време беше во депресија и биполарно пореметување, официјалниот извшетај ги демантираше овие информации.

Поминаа осум месеци откако пејачката Долорес беше пронајдена мртва во хотелска соба.

Истрагата  во Лондон покажа дека причина за смртта на пејачката е давање во када предизвикано од алкохол.

„На нејзиното тело не се пронајдени никакви траги кои покажуваат дека извршила самоубиство, пишува во извшетајот како и дека  покрај кадата било пронајдено шише со шампањ,  како и пет мали шишенца со алкохол, но и таблети. Резултатите од крвот откриле дека во крвта имала повеќе од четири пати дозволно алкохол.

To top