Во зависност од текстурата на трепките, резултатите можат да бидат видливи по две недели, а во некои случаи по еден месец. Овие домашни препарати се благотворни и за чувствителна кожа.
Регенератор од рицинусово масло
Во помало шишенце ставете масло и екстракт од ванила (три делови масло и еден екстракт) и добро измешајте. Ќе ви биде потребна и чиста четка од маскара (доколку имате стара маскара која веќе не ја користите, извадете ја четката и добро измијте ја). Ставете ја четката во регенераторот и нанесете го на трепките, од коренот кон врвот. Третманот повторувајте го два пати дневно и имајте на ум дека трепките мора да бидат чисти пред нанесување на регенераторот.
Витамински регенератор
Капсула витамин Е исцедете на тацна и со помош на памук, маслото нанесете го на трепките, од коренот кон врвот. Третманот повторувајте го два пати дневно, најдобро наутро, пред нанесување на шминката и навечер, пред спиење. Овој витамин ќе биде одличен и за нега на чувствителната кожа околу очите.
Екстра богат регенератор од масло
Во чинија измешајте капсула витамин Е и со еднаква количина кокосово и маслиново масло. Со помош на четка од маскара или памук, добиениот регенератор нанесувајте го на трепките, два пати дневно, од коренот кон врвот.