Радио Милева

Ќе ви треба текила, па лимон за освежување: Елена позираше првин по гаќички, а потоа со шлиц до препони!

Ќе ви треба текила, па лимон за освежување: Елена позираше првин по гаќички, а потоа со шлиц до препони!

Откако предизвика бура со „Текила и лимон“, Елена Ристеска по се изгледа реши малку да го одмори умот од злите коментари и да акумулира нова енергија и инспирација за нови музички дела.

Во меѓувреме гореспоменатата песна е голем хит во соседството, а неодамна тоа го потврди и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која играше во ритамот на песната од Елена, а објавата на нејзиниот Инстаграм заработи бројни допаѓања, а се најде како во македонските така и во српските медиуми.

Деновиве Елена пак, е активно посветена на снимањето нови фотосесии, кои скокотливо ги објавува на социјалните мрежи и ги радува своите армија обожаватели.

Најпрвин ја видовме со едноставни есенско-зимски комбинации во кои изгледа урбано, модерно и неодоливо, подоцна позираше во транспарентно здолниште, а сега објави фотографии на кои првин е во косресет комбиниран со гаќички и мрежа хулахопки, како и таква каде носи елегантна тоалета со висок шлиц.

За ваквиот сексапилен и провокативен изглед доби бројни епитети и уште еднаш покажа и докажа дека е оригинална во она што го работи и пласира во јавнсота.

Визулено од неа видовме доста, а што ново ќе сервира на музички план, останува да почекаме…

To top