Живот и Стил

Мис и Мистер Хороскоп: Кои се најсекси хороскопски знаци?

Мис и Мистер Хороскоп: Кои се најсекси хороскопски знаци?

Припадниците на секој хороскопски знак се атрактивни на свој начин, но постојат некои знаци кои сепак привлекуваат малку повеќе внимание. Астролозите тврдат дека имаат одговор на прашањето кој е најсекси знак, а интересно е дека не станува збор за ист знак кај мажите и жените.

Мистер Лав

Неговата страст и авантуристички дух не може да пројде незабележано, и лавот би бил забележан веднаш штом влезе во собата. Полн со енергија и делува како магнет за луѓето. Жените ги привлекува неговата духовитост, шарм и начинот на кој работите ги прави да изгледаат величествени и уникатни.

Лавот никогаш нема да биде задоволен со второто место, секогаш стремејќи се кон врвот, па важно му е околината да го смета како најдобар.

Кога станува збор за љубовта, неговата харизма и топлина со сигурност ќе ве натераат да се заљубите на прв поглед.

Мис Шкорпија

Астролозите се согласуваат дека Шкорпијата е најатрактивна жена во хороскопот, како да користи магија за да ги привле мажите. Тајната е во нивниот став кој неверојатно ги привлекува мажите.

Покрај тоа што се атрактивни, Шкорпиите можат да се пофалат со аналитички ум и моќни инстинкти.

На кратко, тие се интригирачки и страсни, силни жени на кои мажите им се поклонуваат.

To top