Хидрогенот е добар за дезинфикација на рани, но корисен е и за одржување на куќата. Темелно ги уништува бактериите и ги дезинфицира работните површини.
Трипроцентниот хидроген –пероксид може секогаш да биде ваш избор за дезинфикација бидејќи не е штетен по здравјето.
Затоа е одличен за чистење на работните површини во кујната, а имено можете да ги исперете и крпите и сунѓерите.
Поточно, потопете или само попрскајте. Очличен е и за дезинфикација на фрижидерот кој е доста валкан и повеќе отколку што изгледа.
Интересно, со хидроген можете да ја исчистите и машината за садови.